Финалето на Лигата на шампионите меѓу Арсенал и Пари Сен Жермен ќе го добие победникот по продолженијата, откако регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено 1:1.
Лондонскиот тим поведе уште во шестата минута преку Каи Хаверц. Акцијата започна по грешка на капитенот на ПСЖ, Маркињос, во средината на теренот. Арсенал ја пресече топката, а Хаверц продре од левата страна во шеснаесетникот и со прецизен удар под пречката го совлада противничкиот голман.
ПСЖ успеа да израмни во 65. минута. Францускиот тим доби пенал по прекршок врз Квича Кварацхелија, а сигурен реализатор од белата точка беше Усман Дембеле.
Главниот судија Даниел Зиберт покажа на белата точка по стартот на дефанзивецот Кристијан Москера врз Кварацхелија. По консултација со ВАР-системот, арбитерот ја потврди својата првична одлука.
Натпреварот се игра на Пушкаш Арена во Будимпешта, а победникот на најпрестижното европско клупско натпреварување ќе биде решен по дополнителни 30 минути игра.
