Гејтс предупредува: Вештачката интелигенција е поопасна отколку што мислиме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс предупреди на ризиците што ги носи вештачката интелигенција (ВИ), оценувајќи дека нејзиното влијание врз работните места и животот на луѓето треба да се третира како глобален приоритет.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, Гејтс изјави дека ВИ може да предизвика големи последици на пазарот на трудот и дека нејзиното влијание би можело да биде подолготрајно од вообичаениот економски циклус.

Според него, технолошката индустрија јавно ги минимизира овие ризици, додека приватно многу од луѓето кои го разбираат темпото на развој на ВИ се загрижени.

Гејтс истакна дека финансиските интереси и милијардите долари што се инвестираат во овој сектор се причина поради која многумина не сакаат јавно да зборуваат за ризиците.