Арслани: Ги презедовме сите мерки, но веќе ништо не е исто, нашите животи се променија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик-министерот за здравство Арменд Арслани во вечерашното гостување во емисијата „EU Click“ на ТВ21 рече дека државата ги има преземено сите мерки за справување со коронавирусот, но дека нашите животи се целосно променети.

„Се наоѓаме во време на пандемија и мислам дека ние како држава ги преземавме потребните мерки во вистинското време. Во моментов сите сме свесни дека ништо не е исто, бидејќи нашите животи се променија. Заеднички да се надеваме дека што поскоро ќе ја надминеме оваа ситуација. Ова ќе биде можно само со разбирање и дисциплина“, вели Арменд Арслани – заменик-министер за здравство.

Коронавирусот е чудес софтвер, мерките се за поздравување, но можеби требаше по едноставни да бидат.

„Можеби требаше да биде малку поедноставно, меѓутоа треба да се поздрави, бидејќи коронавирус е да кажеме со чуден софтвер, тој најчесто се задржува кај децата и децата најмногу ги користи за пренесување на болеста кај постарите. Така што, вие сте сведоци како дете од Штип беше заразено кое заедно со родителите допатувало од Лондон. За детето, кое не знам колку години живеело во Лондон, се грижела неговата баба, па сега замислете, по одредено време и бабата излезе позитивна на болеста, додека детето сѐ уште нема никаков симптом. Сакав да кажам дека е добро што се делат по возраст, бидејќи прочитав некаде дека во Австралија лицата над 70 години можат да се движат само од 7 до 9 часот“, додава заменик-министерот Арслани.