Арсовска и Јакимовски обвинуваат за бетонизирање на Скопје – Стојкоски: Станува збор за индустриски објект и трговски единици со дозвола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советот на општина Ѓорче Петров овој викенд ги изгласал измените на Деталниот Урбанистички Пан со кој објектите на улицата Ацо Шопов се зголемиле драстично од пет на 20 ката, соопшти градоначалничката Данела Арсовска.

Како што појасни, иако требало да побараат мислење од надлежните институции, општината доставила барање до Министерството за транспорт и врски од каде добила одобрение на 16 февруари оваа година, а тоа поминало во советот во саботата. Град Скопје, како што рече Арсовска, ќе покрене кривична против градоначалникот на општина Ѓорче Петров, министерот за транспорт и врски и други вмешани лица.

И градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски побара Советот на Карпош да го оспори ДУП-от во Ѓорче Петров пред Уставен суд, бидејќи според него, го загрозува животот на жителите на Карпош. Јакимовски рече дека ДУП-от е донесен на криминален начин, а најлошото е што во него има три хемиски фабрики кои директно го загрозуваат животот на граѓаните од оваа општина.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги отфрли тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска дека изгласаниот ДУП ќе донесе три хемиски фабрики, дека е донесен на криминален начин и дека е без мислење од надлежните институции. Тој ги покажа и добиените дозволи:

Стојкоски го кажа и ставот од Управата за заштита и спасување, според кој не постои никаква опасност за безбедноста на граѓаните.