Вака изјавуваше пред три месеци градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска бранејќи ги постапките на тогашната директорка на Комунална Хигиена, Косана Мазнева која разреши десетина вработени во ова претпријатие. Но поддршка кратко траеше. Вчера, градоначалничката Арсовска, одлучи да ја разреши од функција. Мазнева во изјава за ТВ21 вели дека не и се познати причините за разрешувањето, но не ја исклучува можноста за политичка позадина.
„Не можам да ви ги кажам причините затоа што не разрешувам јас, она е во позиција да разрешува. Притоа не сум информирана воопшто за причините за разрешувањето, има наведено само некои општи акти цитирани од законот, ништо конкретно. Јас можам да ви кажам само за успесите на КХ во периодот додека јас бев директор. Не ја исклучувам можноста за политичка позадина но не можам да тврдам“, вели Косана Мазнева.
Како што изјавува Арсовска, Мазнева не ги реализирала своите обврски од програмата на Град Скопје.
Инаку Мазнева Николиќ беше назначена за директорка на КХ во јули минатата година по разрешувањето на тогашниот директор Зуди Кока од АА. Мазнева е последна на листата од вкупно 35 разрешени директори од претпријатија и институции кои се под надлежност на Град Скопје. Арсовска исто така нема добра соработка ниту со советниците од Град Скопје.
