Арсовска: Пожарот на мостот „Беласица“ е од несовесни граѓани, не знаеме колку ќе биде затворен

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва во студиото на ТВ21 во 10МИНУТИ гостуваше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. За мостот „Беласица“ коментираше дека најверојатно станува збор за штета предизвикана од човечки фактор, и дека не знае колку ќе биде затворен.

„Прелиминарната истрага покажа дека се работи за фактор човек, имаме несовесни граѓани кои не размислуваат кои се штетите кои може да настанат, и тоа е нешто апелиравме и се надеваме дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки да бидат елиминирани последици, а тоа е да се најдат сторителите на ова дело. Градот ги чека анализите да ги видиме извештаите од МВР и од ЦУК и да почнеме со постапување. Треба да се испита дали е безбеден, да се провери неговата статика, па потоа да се даде одговор. Знаеме дека се создава хаос, меѓутоа не зависи од Град Скопје колку ќе траат овие поправки“, рече Арсовска.

За оваа и за други теми, во следното видео: