Околу 80 лица загинаа, а 47 се повредени во напад со беспилотно летало врз автобуска станица во Ал-Дибаб, во јужниот дел на Судан.
Тоа е еден од најсмртоносните напади од почетокот на конфликтот во Судан, што почна во април 2023 година и се води меѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), кои ја контролираат целата територија на сојузната држава Западен Кордофан, каде што се наоѓа Ал-Дибаб.
Коалицијата Тацис, политичкото крило на РСФ ја обвини армијата дека стои зад нападот.
Иако нема точни бројки за вкупниот број на жртви од конфликтот, хуманитарните работници веруваат дека повеќе од 200.000 луѓе загинале од почетокот на војната. Конфликтот, исто така, принуди над 12 милиони Суданци да ги напуштат своите домови. Според ОН, ова е најлошата хуманитарна криза во светот во моментов.
