Асфалтирањето на Скопје – Блаце во октомври – Рустеми: Предвидено е проектот да заврши во февруари 2022

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Конечно ќе започне асфалтирањето на автопатот Скопје –Блаце. Ова според директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми се очекува да се случи во октомври. Но, станува збор само за првите два километра.

„Автопатот Скопје –Блаце, првите два километра се работат според динамиката предвидена врз база на проектот. Проектот се предвидува да заврши до февруари 2022. Од работите кои се одвиваат во моментов на терен  ние сме задоволни  и се работи на база на динамиката. Се надеваме дека од октомври ќе започне и првото асфалтирање на овој сегмент од патот Скопје –Блаце.“, вели Рустеми.

Тетово – Призрен е друг проект кого го чекаат граѓаните. Рустеми вели дека за ова патно поврзување на двата града, постои визибилити студија уште од 2015 и дека се подготвени да започнат со идејниот проект.

Јас можам да кажам доколку имаме заеднички премин меѓу Република Косово и РСМ за патот Тетово –Призрен ние сме подготвени веднаш да почнеме со идејниот проект и следната година да го имаме идејниот проект, а следната година за го започнеме основниот проект.“, рече Рустеми.

Некои жители од Блаце пред некое време се пожалија на цената која им ја понуди државата за земјиштето. Рустеми рече дека за тие жители кои се пожалиле на цената ќе одлучува судот. За коридорот 8 се подготвува проект закон кој се очекува да помине во Собрание, со кој се определува врската од договорот а по договорот ќе започнат и работите.