„АстраЗенека“ го смени името и ќе се вика „Ваксзеврија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„АстраЗенека“, вакцината против Ковид-19 од Оксфорд, во иднина ќе се вика „Ваксзеврија“, соопшти агенцијата за лекови на Шведска.

Содржината на вакцината останува непроменета и ШВедската агенција истакна дека промената на името ќе биде важно при пакувањето и рекламирањето. Промената била одобрена на 25. март.

„АстраЗенека“ е во центарот на вниманието веќе неколку недели низ Европа, откако одредени земји ја забранија нејзината употреба поради појава на несакани ефекти по примањето на вакцината.

Во Македонија од денеска почнува масовната имунизација со АстраЗенека, и со неа ќе се вакцинираат лица само над 60 години.