Телото на Кристијан Атсу (31), фудбалер од Гана по кој 12 дена се трагаше по големиот земјотрес што го погоди јужниот дел на Турција, беше пронајдено во Турција.
Атсу го постигна голот во 97. минута претходната вечер за победа на Хатајспор против Касимпаша. После тоа, до 3 часот и 30 минути по полноќ отишол да игра покер кај пријател, а потоа околу 4 часот се вратил во станот на деветтиот кат од зградата. Зградата се урна 20 минути подоцна во земјотрес кој однесе повеќе од 40.000 животи.
Атсу, поранешен играч на Челзи, резервирал авионски билет за Франција на денот на земјотресот. Сакал да оди кај семејството и да бара нов клуб, но на крајот решил да остане во Турција и да ја прослави победата со соиграчите.
„Атсу му кажа на тренерот дека сака да добие повеќе време за да одлучи сè. Имаше билет по натпреварот против Касимпаша. Ќе замине во странство кај своето семејство. Тој одигра одлично во својот последен натпревар, го постигна победничкиот гол во последната секунда.По натпреварот беше толку среќен. Го гушна тренерот Волкан. Имаше авионска карта, но се откажа од неа бидејќи играше добро и постигна гол, па сакаше да остане со соиграчите. Имаше лет во 23 часот. Прво требаше да оди во Истанбул, а потоа во Франција“, изјави вработен во Хатајспор Фатих Илек.
Покрај за Челзи, Ацу играше и за Њукасл, Малага, Порто и Евертон. Тој во Хатајспор пристигна пред половина година.
