Авганистан има лошо искуство со „Дермалог“ – „И од бирото за јавни набавки писмото е отфрлено како нерелевантно“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државната изборна комисија е подготвена да ги спроведе локалните избори според претседателот Александар Даштевски и во време на пандемија.

Во интервју за Радио слободна Европа се пофали дека имаат нова веб страна заштитена од хакерски напади.

Податоците од МВР се криптирани и никој не може да ги декриптира. Новитет на овие избори е гласањето со отпечаток од прст начин кој се применува во 50 земји од Азија, Африка и Јужна Америка.

Даштевски смета дека ова е вистинскиот начин на гласање, бидејќи на електронското гласање не може  да му се верува. За писмото од Фондацијата Транспарентни избори од Авганистан во кое се искажува негативно искуство со фирмата „Дермалог“ со која e потпишан договор so  ДИК , Даштевски вели:

„Нели ние водевме постапка по јавни набавки, во согласност со законот, имавме Комисија и еднаш ако се сеќавате се случила проблеми во постапката, па ја поништивме првата. Втората со дозвола од Биро за јавни набавки, во неа беа вклучени три члена на ДИК и останатите од вработените и едно лице кое има сертификат за јавни набавки, значи беше направена на многу повисоко ниво Комисијата и тендерот се водеше со сите законски правила кои се предвидени во Законот за јавни набавки и имаше управна контрола по завршување на постапката, па имаше период за жалби, и тоој период заврши, значи се било законски. Тоа писмо е пратено и во Биро за јавни набавки и е отфрлено како нерелеватно“, вели Александар Даштевски.