Најмалку осум лица повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Битола – се судриле 4 возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осум лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила на магистралниот пат Битола–Прилеп, на излезот од Битола кон Прилеп.

Повредените патници се пренесени во Клиничката болница во Битола, каде им е укажана медицинска помош. Директорката на болницата, Ненси Лозанче, информираше дека еден од пациентите е подложен на операција, додека останатите се во стабилна состојба.

Од повредените, двајца пациенти се згрижени на Одделението за ортопедија, а шестмина се на Одделението за хирургија.

„Клиничката болница е спремна да одговори на задачата. Сите пациенти се следат и доколку е потребно ќе се интервенира“, изјави Лозанче.

Од СВР Битола најавија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе информации за причините и деталите за сообраќајната несреќа.

Поради увидот и расчистувањето на местото на несреќата, магистралниот пат Битола–Прилеп во моментов е блокиран за сообраќај.