Сојузот на синдикати на Македонија ги повика работодавачите да спроведат мерки за заштита на здравјето и безбедноста на работниците поради високите температури што се предвидуваат во наредните денови.
Сојузот на синдикати на Македонија бара работата на отворени простори да биде ограничена или запрена во најжешките часови од денот, како и да се обезбедат услови и средства за заштита на вработените од топлотниот бран.
Според препораките на Институтот за јавно здравје, најопасниот период од изложеност на директна сончева светлина е од 11:00 до 17:00 часот, додека мерките на претпазливост треба да продолжат до 7 август.
