Аеродромот во Загреб утрово бил со густа магла, па поради тоа имало проблеми во авионскиот сообраќај.
Контролната кула на „Фрањо Туѓман“ аеродромот, морало да ги пренасочува авионите кон други аеродроми. Утринските пристигнувања на авионите на „Кроација Ерлајнс“ од Дубровник, Сплит, Сараево и Скопје, се пренасочени кон Пула, додека карго авион бил пренасочен дури во Белград.
Три авиони успеале да слетаат откако некое време кружеле над аеродромот, чекајќи дозвола за слетување.
Авионот на „Ер Србија“ после два часа чекање, слетал дури во 9:25 часот, после тоа слетуваат „Флит Ер“ и „Туркиш Ерлајнс“.
