Авион на Ер Канада удри во противпожарен камион при слетување на пистата!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ од Монтреал се урна во противпожарно возило при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк, објавија американските медиуми. Аеродромот беше затворен, а летовите беа пренасочени.

Катрин Гарсија, извршна директорка на Пристанишната управа на Њујорк и Њу Џерси, изјави дека 32 од 41 повредени лица се пуштени на домашна нега, додека деветмина се хоспитализирани со „сериозни повреди“. Меѓу повредените има патници, членови на екипажот и двајца полицајци во противпожарното возило. Двајцата полицајци се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по живот, објави Ал Џезира.

Авионот, управуван од „Џез Авиејшн“, регионален партнер на „Ер Канада“, го удрил противпожарното возило на пистата 4 околу 23:40 часот во недела (03:40 GMT понеделник) додека возилото се упатувало кон друго место на инцидентот, соопшти Пристанишната управа.

Прелиминарниот список на патници покажа дека на летот AC8646 имало 76 лица, вклучувајќи четири члена на екипажот, соопшти „Џаз Авиејшн“.

Авионот CRJ-900 го удрил возилото со брзина од 39 километри на час (24 милји на час), соопшти веб-страницата за следење на летови Flightradar24.

„Аеродромот моментално е затворен за да се олесни одговорот и да се овозможи темелна истрага“, изјавија од Пристанишната управа за АФП.

Протоколите за итен одговор биле „веднаш активирани“.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) издаде наредба за приземјување за сите полетувања до Ла Гвардија поради вонредната состојба со авионот, при што затворањето е на сила до 05:30 часот по Гринич. Веројатноста за продолжување е голема.

Во посебно известување до пилотите, FAA соопшти дека аеродромот може да биде затворен до 18:00 часот по Гринич.

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот соопшти дека испратил „истражен тим“ на местото на настанот за да ја испита несреќата.

Ла Гвардија е третиот најпрометен аеродром во Њујорк, со 33,5 милиони патници во 2024 година.