Грчки борбен авион F-4 „Фантом“ се урна за време на аеромитинг во Танагра, во близина на Атина, јавува грчкиот јавен сервис ЕРТ. Засега нема информации за евентуални жртви.
Инцидентот се случил за време на воздушната демонстрација, пред илјадници посетители кои го следеле аеромитингот на аеродромот во Танагра.
На снимките од местото се гледа густ столб црн чад кој се издигнува во близина на просторот каде што биле собрани гледачите.
Според првичните информации, авионот ненадејно почнал да ја губи височината непосредно пред да се урне.
F-4 „Фантом“ беше дел од програмата на овогодишната „Athens Flying Week“, која се одржува на 5 и 6 септември во воздушната база Танагра. Овие авиони имаа една од последните јавни презентации, бидејќи постепено се повлекуваат од активна употреба.
Засега нема официјални информации за состојбата на екипажот, а причините за падот не се соопштени.
