Авион со пилотот и две деца се урна во замрзнато езеро во САД, преживеале и чекале помош стоејќи на крилата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пилот и две деца се спасени откако мал авион се урна во замрзнато езеро на Алјаска, соопштија властите по целоноќна потрага. Авионот Piper PA-12 Super Cruiser исчезна околу 22:30 часот по локално време во неделата во областа на езерото Тустумена и планините Кенаи, откако не се врати како што беше планирано.

Околу 12 часа откако авионот беше прогласен за исчезнат, еден пилот го забележал леталото на замрзнатата површина на езерото и јавил на спасувачките служби.

„Рано утринава добронамерен цивилен авион пронашол остатоци од авион на источната страна на езерото Тустумена“, се вели во соопштението на државната полиција на Алјаска.

Локалните медиуми објавија фотографија од делумно потонат авион со три лица на крилата. Спасувачите ги бараа во текот на ноќта на температури под нулата, покажуваат локалните временски податоци.

Мажот и две деца се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот, се додава во соопштението.