Авиони на НАТО минатата недела 7 пати пресретнале руски авиони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 9-ти до 15-ти декември, борбени авиони кои ја извршуваа мисијата за воздушно набљудување на НАТО во Балтичките земји летале седум пати за да ги идентификуваат и придружуваат авионите на Русија кои ги прекршуваат меѓународните воздухопловни прописи во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море. Ова го соопшти министерството за одбрана на Литванија.

Во средата, на 11 декември, Мисијата на НАТО за воздушен надзор на Балтикот беше алармирана да идентификува и придружува ИЛ-20 што лета во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море од Калининград.

Истиот ден, борбените авиони на НАТО полетаа уште два пати за да го идентификуваат она што беше преоценето како авион ИЛ-20 кој леташе во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море од Калининград. Транспондерот му бил исклучен, екипажот немал претходно поднесен план за летање и не одржувале радио комуникација со регионалниот центар за контрола на летање.

Во четврток, 12 декември, борбените авиони на НАТО полетаа за да идентификуваат и придружуваат еден ИЛ-20 и ТУ-214ПУ. Како што соопшти Министерството за одбрана на Литванија, ИЛ-20 летал во меѓународниот воздушен простор од Калининград кон копното на Русија.

ТУ-214ПУ летал од копното на Руската Федерација кон Калининград преку меѓународниот воздушен простор. 

ФОТО: Архива