Авионот во Пакистан паднал во населено место, се стравува дека има повеќе загинати, пилотот пријавил проблем (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионот кој денеска се урна во пакистанскиот град Карачи, се урнал во густо населено место, недолго откако пилотот пријавил технички проблем. Контактот е загубен само една минута пред уривањето.

Авионот летал од Лахор кон Карачи, а се урнал во обидот да слета на аеродромот. Очевидци тврдат дека виделе како авионот три пати се обидува да слета во Карачи.

Во авионот биле 99 патници и осум членови на екипажот.

Во меѓувреме се појавија видеа на местото на уривањето, каде што се гледа дека се срушени куќи и запалени автомобили.