Авионска несреќа во Јужен Судан – загинале 10 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комерцијален авион се урнал вчера во Јужен Судан, при што загинале сите 10 лица кои биле во авионот, објави гувернерот на државата Џонглеј, а пренесува агенцијата Анадолија.

Десет лица, меѓу кои осум патници и двајца пилоти, ги загубиле своите животи откако авион ХК-4274 на авиокомпанијата „South Supreme Airlines“, кој се движел кон главниот град Џуба, а полетал од градот Пиери во државата Џонглеј и се срушил, изјави Денај Џок Чагор.

„Нашите молитви се со нивните семејства и најблиски. Во мое лично име и во име на народот на државата Џонглеј и нацијата, ја споделувам оваа сочувствена порака со погодените семејства и пријатели во овие часови на тага“, рече Чагор во сочувствената порака објавена од неговиот кабинет.

„Со голем шок и ужас ја примивме веста за авионската несреќа на „South Supreme Airlines“ што се случи на 2-риот ден во март 2021 година околу 17 часот во Пиери“, додаде тој.

Претходно, Кур Куол, директорот на меѓународниот аеродром Џуба, во телефонски разговор со агенцијата Анадолија истакнал дека вестите што пристигнуваат до нив укажувале на тоа дека комерцијалниот лет се урнал во градот Пиери во државата Џонглеј.

Тој истакнал дека летот на South Supreme Airlines паднал веднаш по полетувањето во 17 часот по локално време.

„Авионот се сруши во регион каде нема мрежно покривање, па затоа беше тешко да се потврди точниот број на жртви“, додаде тој.

Ова е втор ваков инцидент пријавен во врска со авион управуван од регионалната авиокомпанија. Првиот се случил во 2017 година, кога авион на истата компанија се запалил и срушил при слетување.