Австралија ја пречека 2024 година – на небото прекрасен огномет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Огномет и забава за новогодишната ноќ

Доаѓа Нова Година, полека но сигурно. Кирибати, Нов Зеланд, Австралија веќе влегоа во 2024 година… а Новата година полека ни се приближува.

На тихоокеанскиот остров Кирибати, во 11 часот по наше време, тие веќе влегоа во Новата година, а еден час по нив, Новата година пристигна во Нов Зеланд.

Во Окленд беше организиран огномет од Sky Tower, највисоката зграда во земјата.

Во 14 часот по наше време, во Сиднеј се одржа прекрасен огномет во чест на новогодишната ноќ.