Австрија и натаму нема влада: „Кој не е подготвен на компромис, не може да владее“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преговорите за коалиција меѓу австриската популистичка десничарска Партија на слободата (FPÖ) и конзервативната Народна партија (ÖVP) продолжуваат денеска, но се чини дека стануваат сè потешки.

Непосредно пред новата рунда преговори, еден од преговарачите на ÖVP изрази сомнеж за договорот.

„Оние кои не се подготвени за компромиси и се грижат само за моќта, можеби не се способни ниту да владеат“, изјави Харалд Марер.

Водачот на FPÖ, Херберт Кикл, и претседателот на ÖVP, Кристијан Штокер, наводно, имаат уште многу да разговараат, но Кикл е уверен и покрај нивното несогласување.

„Бев оптимист минатата недела, и оптимист сум оваа недела“, рече 56-годишниот политичар.

Конзервативците бараат од десничарските популисти на Кикл, кои се многу критични кон Европската унија, да се погрижат новата влада да биде конструктивен и доверлив партнер на ЕУ. Коалицијата, исто така, треба да го осуди рускиот напад врз Украина и да ја класифицира Москва како закана, се вели во документот што ÖVP го претстави на FPÖ. FPÖ се противи на санкциите на ЕУ кои имаат за цел да ја казнат Русија за нејзината инвазија на Украина.

Од парламентарните избори во Австрија во септември поминаа повеќе од 130 дена, а влада се уште не е формирана, што е рекорд за таа земја.