Австрија со 3:1 ја совлада Македонија на отворањето на ЕУРО (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Австрија со 3:1 ја совлада Македонија во првиот дуел на нашата репрезентација на европските првенства. Ова беше и прва победа на Австрија на досегашните учества на евро шампионатите.

Австрија во 18. минута дојде до водство со гол на Лајнер. Една долга топка од левата страна до него, со волеј погоди во голот на Димитриевски.
Горан Пандев успеа да израмни на 1:1 во 28. минута. Се случи конфузија во одбраната на Австрија, и Пандев искористи.

Австрија со центаршутеви се обиде да дојде до водство, но одличен беше Димитриевски, а во 78. минута токму по центаршут од левата страна, нововлезениот Грегорич успеа да го совлада нашиот голман, и да донесе водство.

Во 89. минута Арнаутовиќ по една добра акција и заспаноста во дефанзивата на Македонија, успеа да погоди за конечни 3:1.

ФОТО: УЕФА