Два „ер трактори“ упатени кон Милетино, пожар се заканува на селото

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два „ер трактори“ се упатени кон Милетино во Општина Брвеница, каде што голем пожар беснее во близина на селото и се заканува да се прошири кон населеното место, информира Стојанче Ангелов.

Тетовските пожарникари се на терен, но гаснењето е отежнато поради непристапниот и ризичен терен.

Ангелов информираше и дека пожарот кај Рамно на Скопска Црна Гора се гасне веќе втор ден. Во акцијата учествуваат хеликоптер, пожарникари, екипи на ДЗС и околу 30 припадници на Армијата.

Силниот ветер го отежнува гаснењето, а чадот се движи кон Скопје. Ангелов апелираше до граѓаните на внимателност.

„Доволно е само една искра за вистинска катастрофа“, предупреди тој.