Полицискиот службеник кој уби 95-годишна жена во австралиски дом за стари лица е прогласен за виновен за убиство од небрежност, откако поротата утврди дека старицата со нож не претставувала „непосредна“ закана.
Како што пишува „Си-Ен-Ен“, полицаецот Кристијан Вајт бил еден од двајцата полицајци повикани минатиот мај во Јаламби Лоџ, дом за стари лица во австралискиот регион Нов Јужен Велс (NSW), откако персоналот повикал помош поради корисник кој одел со шетач и држеше два ножа.
Според судските документи, Клер Ноуланд – која боледувала од деменција – го одбила барањето на негувател да ја посети во нејзината соба и фрлила нож врз член на персоналот, но ножот паднал на подот пред да биде повикана полиција. Според сведочењето во судот, полицајци и медицински тим ја опколиле во канцеларијата, каде што одбила да го спушти ножот, по што Вајт употребил пиштол со електрошок.
Судот заклучил дека Вајт ја прекршил својата должност да се грижи за Ноуленд и извршил незаконски и опасен чин.
Вајт пред судот тврдеше дека верува дека „неизбежна е насилна конфронтација“ – услов за употреба на тазер според стандардните оперативни процедури на Нов Јужен Велс. Правилата наведуваат дека тазерите може да се користат само против постари лица во „вонредни околности“.
Обвинителството тврдеше дека употребата на Тазер од страна на Вајт била „целосно непотребна“ и прекумерна сила врз изнемоштената, постара жена. Откако била шокирана од уредот, Ноуленд паднала удирајќи ја главата во подот. Починала една недела подоцна во болница.