АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ! Се зголемува бројот на повредени во Лазаревац

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осум лица се повредени кога автобус излетал од патот на територијата на општина Лазаревац, соопштија за Танјуг од здравствената станица Рудовци.

Како што се наведува, шест лица се тешко повредени и пренесени во Ургентниот центар во Белград, а две лица се полесно повредени.

Сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот и 30 минути, на патот Аранѓеловачки кај Мали Црљани.

Нема застој во сообраќајот.