ВО КОСОВО, на автопатот Приштина-Пеќ, кај градот Врагола, се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени 30 лица, потврди за агенцијата Танјуг косовската полиција. Најголем дел од повредените се матуранти.
Автобусот кој учествувал во несреќата кај Врагол превезувал ученици од Прешево на екскурзија од Албанија, изјави градоначалникот на Прешево Шчиприм Арифи.
Во соопштението на косовската полиција се наведува дека во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, како и камион и автомобил.
На местото на настанот пристигнале надлежни полициски единици и медицински екипи.
ИндексОнлајн објави видео од моментот на несреќата.
