Автобус од Холандија се преврте во Швајцарија, има жртви и повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според информациите, неколку лица загинале, а други се повредени во автобуска несреќа во источна Швајцарија, соопшти полицијата на платформата „X“.

Несреќата се случила синоќа во кантонот Граубинден, на патот меѓу градовите Цернец и Скуол.

Според швајцарските медиуми, станува збор за автобус со холандски регистарски таблички кој превезувал група од 48 лица. Ова за медиумот „Блик“ го потврди портпаролката на Холандското здружение на туристички агенти и тур-оператори (ANVR).

„Длабоко сме тажни поради она што се случи. Ова е страшна несреќа“, изјави таа.

На фотографиите од местото на настанот се гледа автобусот превртен на страна во поле крај патот.

На местото на несреќата интервенираа бројни екипи за итна медицинска помош, пожарникари и неколку хеликоптери за спасување.