Автобус слета во провалија во Колумбија, има мртви

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 13 лица загинаа, а 29 се повредени кога автобус падна во провалија на автопат во Колумбија, јавија локалните медиуми.

Несреќата се случила на автопатот меѓу градовите Пасто и Румичака, објави веб-страницата Камбиоколумбија.

Властите наведоа механички дефект или преголема брзина како можни причини за несреќата.