„Автопатот до Блаце ќе биде готов до почетокот на 2029 година“, рече Николоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 најави дека автопатот до граничниот премин Блаце ќе биде готов до почетокот на 2029 година.

Како што додаде, таму работат со Европската банка за обнова и развој.

„Рокот за поднесување на понуди е до 30 септември, сега завршува а потоа ќе правиме селекција заедно со Европската банка за обнова и развој. И зависно од бројот на понуди очекувам меѓу ноември и почетокот на јануари да биде воведен изведувачот на работа“, додаде Николоски.