Претседателот Доналд Трамп во четвртокот изјави дека верува оти наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната со Иран.
Трамп рече дека следната средба меѓу САД и Иран би можела да се одржи за време на викендот, како и дека е можно продолжување на двонеделното примирје, иако тоа можеби нема да биде потребно, бидејќи Техеран сака договор.
„Ќе видиме што ќе се случи. Но, мислам дека сме многу блиску до постигнување договор со Иран“, изјави тој пред новинарите пред Белата Куќа, додавајќи дека, доколку договорот биде постигнат и потпишан во пакистанскиот главен град Исламабад, можно е да присуствува на настанот.
„Би отишол во Пакистан, да. Пакистан беше одличен… Ако договорот се потпише во Исламабад, можеби ќе одам… ме сакаат таму“, рече Трамп.
Неколку часа подоцна, за време на престој во Лас Вегас, Трамп дополнително изјави дека војната „треба наскоро да заврши“.
