Косово и Северна Македонија наскоро ќе постигнат договор за заеднички граничен премин со што ќе се олесни протокот на луѓе и стоки меѓу двете држави. До 2022 година ќе заврши останатиот дел од автопатот Скопје-Блаце од македонската страна. Ова го изјави министерот за инфраструктура на Косово Арбан Абраши по средбата со Министерот за транспорт и врски на Македонија Благој Бочварски, одржана во Приштина.
„Секако ќе се дискутира на следниот состанок меѓу двете влади со висок приоритет е заедничкиот граничен премин меѓу Косово и Северна Македонија. Овој граничен премин ќе влијае за луѓето и бизнисите кои го користат овој пат, времето на чекање ќе биде пократко отколку сега. Ќе им помогне на бизнисите на двете земји за економска интеграција.“, вели Абраши.
Министерот за транспорт и врски на Македонија, Благој Бочварски во текот на неговата прва посета во Косово, рече дека регионалната поврзаност е нивната цел, но и на цел на ЕУ.
Министерот Абраши на крајот рече дека со македонскиот министер дискутирале за теми поврзани со секторот за железничкиот сообраќај.
