„Азербејџан Ерлајнс“ ја кажа причината за уривањето на нивниот авион во Казахстан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Азербејџан ерлајнс во петокот соопшти дека авионската несреќа во која загинаа 38 лица е предизвикана од „надворешно физичко и техничко мешање“, според прелиминарните наоди.

Веста доаѓа откако се појавија сомневања дека руските системи за противвоздушна одбрана го собориле летот за Грозни од Баку, главниот град на Азербејџан.

Претходно денеска, руската авијациска служба соопшти дека на капетанот на авионот му биле понудени други аеродроми да слета, но избрал да лета за западен Казахстан, каде што на крајот се урнал.

НАТО повика на истрага за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс во кој загинаа 38 лица во средата наутро, поради зголемените сомневања дека руската противвоздушна одбрана е одговорна за катастрофата.

Авионот Ембраер Е190 летал од главниот град на Азербејџан Баку за Грозни во Руската Чеченска Република, со која управува Рамзан Кадиров, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Политико.

Патниците пријавиле дека слушнале експлозија, по што авионот бил пренасочен на стотици километри од својата рута и се урнал во близина на казахстанскиот град Актау. 29 од нив преживеале.

Кремљ предупреди да не се донесуваат избрзани заклучоци, а портпаролот Дмитриј Песков во четвртокот рече: „Мораме да почекаме да заврши истрагата“.