Азески: Нема недостаток на нафта, државата успеа да ја задржи цената да не оди во „бесвест“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Домашниот пазар во моментов е стабилно снабден со нафта и нема физички недостаток на гориво, изјави Бранко Азески во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.

Според Азески, и покрај глобалните турбуленции и ценовните притисоци на светските пазари, државата успеала да спречи драстичен раст на цените на нафтените деривати.

„Моменталната состојба покажува дека снабдувањето на домашниот пазар е стабилно и нема физички недостаток на нафта. Воедно, државата успеа да ја задржи цената да не оди во ‘бесвест’“, истакна Азески.

Тој оцени дека ваквата состојба е значајна за стопанството, особено за секторите кои директно зависат од нафтата како основен енергенс и двигател на деловните активности. Според него, зачувувањето на стабилноста на пазарот е клучно за компаниите полесно да ги амортизираат последиците од глобалните економски и геополитички кризи.