Новиот министер за здравство, Азир Алиу во Тетово се сретна со медицинските сестри од Клиничката болница каде вети решение на проблемот со работните места.
„Тие се витален дел од системот така да сакаме или не треба наскоро да излеземе со решение за овој проблем. Верувам дека наскоро ќе се реши. Треба да се реши пред законските рокови, тоа е некаде за 1 месец“, рече Алиу.
Медицинските сестри му се заблагодарија на министерот за ветувањето и рекоа дека ќе чекаат.

„Му се заблагодаруваме на министерот кој ни вети дека ќе се реши нашето прашање. Сега чекаме решение. Сме ја земале априлската плата, се уште не сме ги потпишале договорите, чекаме и тие да ги потпишаме.“, изјави една медицинска сестра.
Инаку медицинските сестри од Клиничка болница Тетово неколку дена по ред протестира за платите и решавање на нивниот работен статус. Околу 140 медицински сестри од оваа болница продолжуваат да бидат без решение за работното место, а дел од нив работат повеќе од 10 години.
