Бафтији: Итна измена на регулативата – минималната плата зголемена, но укинати детските додатоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со зголемувањето на минималната плата, многу семејства го загубија правото на детски додаток. Директорот на Центарот за социјална работа, Лиридон Бафтији, вели дека за овој проблем го известил и Министерството за труд и социјална политика. Додава дека ова е проблем кој мора да се реши преку измена на Регулативата.

-Минималната плата која претрпе измени сега не се совпаѓа со Регулативата од пред три години. Ние ја изменивме минималната плата, но не ја прилагодивме на социјалните шеми што ги имаме за социјалните случаи. Станува збор за шема која покажува дека за семејство со 3 деца, регулативата предвидува да има лимит на плата до 17.000 денари. Сега, кога минималната плата е покачена, значи семејството нема да биде корисник на тоа право. Затоа реагиравме навреме за промена на Регулативата, вели Лиридон Бафтији, директор на Центарот за социјална работа.

Бафтији се осврна и на ниската сума што се дава како „надомест за нега од трето лице“.

-Ако сумата е мала, значи ако Комисијата одлучи за мала сума тогаш е 4.000 денари, а ако одлучи за висока тоа е 4.600 денари месечно, вели Бафтији.


-ТВ21: Значи не е доволно?


-Не, не е доволно, додаде тој.

Бафтији вели дека друг социјален проблем е и недостигот на лични асистенти за децата со попреченост, а Албанците се уште помалку заинтересирани за ова. Дефицит на Албанци има и во делот на иницијативи за грижа на деца без родителска поддршка.