Бајден: До 1-ви мај сите ќе имаат термин за вакцинација, а 4-ти јули ќе се слави ослободување од вирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Џо Бајден се надева дека нацијата ќе може нормално да го одбележи 4 јули – Денот на независноста во САД, под услов луѓето да се вакцинираат.

Во своето прво големо обраќање по стапувањето на должноста, Бајден рече дека ќе нареди на сојузните држави да дозволат сите возрасни лица да се вакцинираат до 1 мај.

Според досегашните прописи, приоритетните групи се одредуваат на основа на возраста и здравствената состојба.

Бајден одржа говор точно една година откако Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирусот.

Повеќе од половина милион луѓе досега починаа во САД од последици на Ковид-19.

Во текот на изминатата година, училиштата беа затворени, економијата претрпе штети и на луѓето не им беше дозволено да се собираат. Многу Американци беа принудени да заборават на традиционалните паради, огномет и забавите на Денот на независноста.

Бајден рече дека ниту оваа година не очекува големи манифестации, но дека се надева дека луѓето ќе можат повторно да се соберат во помали групи.

„Ако работиме заедно до 4 јули, постои голема шанса дека заедно со семејството и пријателите ќе можете да организирате скара во вашиот двор и да го прославите Денот на независноста“, рече Бајден.

„После долга и тешка година, тоа ќе го направи Денот на независноста навистина посебен – ние не само што ќе ја одбележиме независноста на нашата нација, туку и почетокот на независноста од вирусот.