Американскиот претседател Џо Бајден денеска го објави својот прв список со 11 номинации за федерални судии.
Меѓу номинираните се три црнкињи за испразнетите работни места во федералните окружни судови, една Американка со муслиманско потекло и една Американка со азиско потекло.
„Оваа иновативна листа на номинирани ги носи најдобрите и најсветлите умови на американската правна професија“, наведува Бајден во соопштение, во кое се нагласува „широката разновидност на нивното искуство и перспектива“.
Белата куќа соопшти дека изборот на судии на Бајден го одразува неговото „длабоко вкоренето верување дека федералните судови треба да ја отсликуваат целата разновидност на американскиот народ во нивното професионално искуство“, со оценка дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп „многу се потпираше на белците при пополнување на работните места во судството“.
