Бајден поради ураганот ја откажа посетата на Германија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Џо Бајден, поради урганот Милтон ја откажа посетата на Германија оваа недела, потврдија владини извори во Берлин.

„Жалиме за одлуката да се одложи посетата, но секако ја разбираме моменталната ситуација на Флорида“, изјави портпаролот на германската влада, реагирајќи на веста за одложување на посетата на американскиот претседател Џо Бајден, кој требаше да пристигне во Германија во четврток.

Белата куќа претходно објави дека Бајден ја одложува посетата поради ситуацијата на Флорида, која се подготвува за втор ураган за краток временски период.