Економијата во првите 100 дена влада – Дурмиши: „Ако не се усвоеја мерките, цените на храната ќе беа повисоки“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доколку не ја усвоевме есенската кошничка и акцијата “Пониски цени-повеќе за тебе“, ќе поскапеа уште повеќе цените на храната, а со тоа и инфлацијата, истакна министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Според него, едно четиричлено семејство од есенската кошничка заштедило од 600 до 1.360 денари месечно.

Од Државниот завод за статистика велат дека трошоците за живот во септември 2024 споредено со истиот месец лани, бележи раст од 2,6% и цените за продажба на мало за 3,3%. Инфлацијата измерена со индексот за трошоците на живот во септември 2024 споредено со август 2024 е 0,3%.

„Во септември годинава, во однос на август, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: транспорт за 5.3 %, рекреација и култура за 1.8 %, ресторани и хотели за 0.4 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2 %. Трошоците на животот во групата облека и обувки остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.“, велат од ДЗС.

Во четврток ќе се одржи првата седница на Економско-социјалниот совет по формирањето на новата влада. Министерот Дурмиши рече дека на оваа седница ќе се разгледаат сите барања, идеи,критики и предлози од работодавачите и синдикатите, вклучително и барањето за покачување на минималната плата.