Се уште актуелниот претседател на САД, Џо Бајден го коментираше прекинот на огнот во Газа помеѓу Израел и Хамас.
Тој рече дека после толку големи загуби, конечно, оружјето во Газа „замолкна“.
„Денешниот прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците е резултат на принципиелни и ефикасни политики за кои се залагавме со месеци. И стигнавме тука без ширење на огнот на Блискиот исток, нешто за кое многу предвидуваа. А, сега на следната администрација е да помогне околу имплементацијата на овој договор“, рече Бајден.
