Бактериолошки неисправна водата за пиење во село Извор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Центарот за управување со кризи денеска известува дека бактериолошки неисправна е водата за пиење во селото Извор.

„Од ИЈЗ на РСМ известуваат дека бактериолошки неисправна е водита за пиење во село Извор (општина Кичево) поради зголемен број на колиформни бактерии и присуство на Enterococcus -индикатор на фекално загадување на водата. Потребно е редовна дезинфекција на водата за употреба за пиење“, велат од таму.