Балансерот на пауза! Реагираат албанските партии од власта и од опозицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставниот суд вчера поведе постапка за оценување на уставноста на Балансерот, алатка која обезбедува правична застапеност на етничките групи во институциите, поточно ќе оценува одредби од спорните акти на Државната комисија за спречување корупција.


Уставниот суд изразува сомнеж дека се кршат основните човекови слободи, кои се меѓународни права потврдени во нашиот Устав. Според Судот, секој има право да се чувствува како што сака на етничка основа, но и ако сака да се изјасни за својот идентитет при процесот на вработување.


За одлуката на Уставниот суд следеа реакции од политичките партии од албанскиот блок, од власта и од опозицијата. Никој од нив не се согласува со прекинот на привремената имплементација на балансерот.


Првиот вицепремиер Изет Меџити за ТВ21 вели дека балансерот е механизам за спроведување на уставното право бидејќи Охридскиот договор е дел од правниот систем и дел од Уставот. Сепак, за него балансерот како механизам е девалвиран и застарен. Истото вели дека треба да се унапреди со закон.

„Прво, во овој период каде што ќе има вработувања ќе има и вработување на Албанци. Второ, Албанците не губат кога ќе се отстрани балансерот, иако Уставниот суд не најде момент за ова, не чекаше да го унапредиме, сепак Албанците ќе добијат повеќе затоа што ќе воведеме закон за соодветна застапеност што не само што ќе гарантира застапеност на Албанците во јавната и државната администрација, туку ќе гарантира и непартиски и квалитетни вработувања“, рече Меџити.


Зијадин Села од Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, не се согласува со образложението на Судот дека етничката припадност е лично чувство и истото може да се промени. Ги повикува политичките актери да интервенираат со други измени во законот.

„И мислам дека најитно сите политички чинители треба да престанат со ваквото однесување, преку носење закон или измени на законот во Уставниот суд, во кој минимум, секоја одлука која се носи врз основа на принципот на бадентер и одлуките во врска со овие закони во Уставниот суд во однос на иницијативите, тие дефинитивно мора да се носат со двојно гласање или со таканаречениот бадентер принцип.“, изјави Зијадин Села.


Незадоволни од одлуката на Уставен суд исто така е и партијата за Движење на Турците. Според нив, укинувањето на овој механизам не само што ќе претставува сериозен удар врз правичната застапеност на заедниците туку сериозно ќе ги наруши меѓуетничките односи.
Инаку целта за владата е во иднина вработувањата да се прават на база на меритокрација а не врз основа на етничката припадност.