Балканот повторно во карантин и полициски час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Црногорската влада одлучи од утре да ги затвори угостителските објекти во Будва, Цетиње, Колашин, Улцињ и Жабљак поради влошената епидемиолошка состојба во тие општини.

Таму ќе биде воведен и полициски час кој ќе биде од 22 часот до 5 наутро, a дополнително ќе се одлучи и за учлиштата.

Имено, за време на првиот корона бран во Црна Гора се забележани 324 случаи, но податоците од Европскиот статистички центар сега велат дека има најмногу заразени во Европа на 100.000 жители од почетокот на пандемијата.

По нив, на второ место е Ерменија, додека пак на трето место е сместена Шпанија.

Ниту една друга држава од Балканот не е меѓу првите 10 од 45 европски земји со најмногу заразени.

Имено, според статистичкиот центар, Македонија е на 11 место по бројот на досега заразени жители.

Северна Грција, како и во седум региони во Словенија карантинот повторно е на сила како мерка против коронавирусот.

Франција повторно се одлучи за полициски час на територија на Париз и во уште осум други метрополи, по што околу 20 милиони Французи се опфатени со едномесечниот полициски час кој стартуваше од вчера.

Заострени мерки изминатите денови воведоа и други земји. Бројките на новозаболени ќе влијаат на новите антиковид мерки што ќе ги донесе хрватската влада, а истото ќе го практикува и италијанскиот премиер.