Банкарската регулатива проблем за граѓаните? На македонскиот пазар има место за финансиските друштва

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Позајмуваме 700, за да вратиме 500 милиони евра – остатокот од осмата еврообврзница за лекови и вакцини

Македонија се задолжи за нови 700 милиони евра. „Ќе се врати долгот по основ на третата еврообврзница издадена во 2014...

МАНУ детектираше британски сој на коронавирусот и кај вториот од пациентите кои патувале во Занзибар

Министерството за здравство информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред...

Продолжуваат напорите за „крадење“ пратеници – 90 дена мир за Заев, ако опозицијата не обезбеди мнозинство

Еден ден откако ја доби довербата на 62 пратеници од мнозинството, премиерот Зоран Заев вели дека е среќен. Верува...

Реконструкција за убиството на Ангел Петковски

По седум години од убиството на Ангел Петковски, денеска беше извршена реконструкција кај Очната клиника во Ѓорче Петров, по...

ДЗС: Лажни се информациите во врска со апликацијата за самопопишување од странство, досега попишани 22 илјади лица

Динамиката на попишување се одвива успешно. Бројките покажуваат дека досега се попишани над 22.000 лица од дијаспората, соопшти денеска Државниот...

Пристапот на граѓаните за подигање на кредити од Банките отежнат. Причината лежи во банкарската регулатива и незаинтересираноста на банките за издавање на мали кредити, објаснува во 21 минута поранешниот министер за финансии Трајко Славески. Од друга страна, додава, дека самите финансиски институции не позајмуваат кредити на презадолжени лица. Ова според него, отвора простор на македонскиот пазар за дејствување на финансиските друштва . Во делот на актуелните економски политики пак поранешниот министер за финансии забележува многу популистички мерки

„Некои од мерките како што беше онаа за поддршка за платите на некои погодени сектори се во ред за зачувување на работните места, некои се чисто популистички. Тоа е фрлање на пари и тоа позајмени пари. Пари што ги немаме. Знам дека добар министер за финансии е оној кој може да му каже НЕ на премиерот“, вели Славески.

Признава, дека сегашниот прв финансиер добро си ја врши работата. За Бесими, како негов одличен студент, во 21 Минута, Славески коментира дека влегол буквално во оган соочувајќи се со голема криза. Околу иницијативата на Битиќи за создавање на Советодавно тело каде беа спомнати и дел истакнати имиња кои беа во Владата на Груевски , Славески во вечерашниот економски магазин вели дека секој има право дали ќе прифати или одбие учество.

„Ако забележавте веќе месец и половина ние немаме ништо слушнато за таа иницијатива веројатно. Јас се плашам дека и Битиќи по она што се случи, критиките што дојдоа не од опозицијата туку од сопствената партија го обесхрабрило да оди со она темпо кое претходно му беше замислено. Јас немам никаква информација дека оваа иницијатива ќе се врати“, вели Славески.

На истата тема денеска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи прокоментира дека не треба да е грев доколку разговара со неистомисленици.

„Една од доблестите на луѓето е да разговараат со сите…Листата ќе биде уште поголема… Не гледам ништо лошо во тоа да биде прашан било кој и тој да даде мислење“, рече Битиќи.

Ако тоа е најголемиот грев кој го имам направено, барам извинување, рече Битиќи.