Банкарската регулатива проблем за граѓаните? – На македонскиот пазар има место за финансиските друштва

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пристапот на граѓаните за подигање на кредити од  Банките отежнат. Причината  лежи во банкарската регулатива и незаинтересираноста на банките за издавање на мали кредити, објаснува во 21 минута поранешниот министер за финансии Трајко Славески. Од друга страна, додава, дека самите финансиски институции не позајмуваат кредити на презадолжени лица. Ова според него, отвора простор на македонскиот пазар за дејствување  на финансиските друштва . Во делот на актуелните економски политики пак поранешниот министер за финансии забележува многу популистички мерки

„Некои од мерките како што беше онаа за поддршка за платите на некои погодени сектори се во ред за зачувување на работните места, некои се чисто популистички. Тоа е фрлање на пари и тоа позајмени пари. Пари што ги немаме. Знам дека добар министер за финансии е оној кој може да му каже НЕ на премиерот“, истакна Трајко Славески.

Признава, дека сегашниот прв финансиер  добро си ја врши работата. За Бесими, како негов одличен студент, во 21 Минута, Славески коментира дека  влегол буквално во оган соочувајќи се со голема криза. Околу иницијативата  на Битиќи  за создавање на Советодавно тело каде беа спомнати и дел истакнати имиња кои беа во Владата на Груевски , Славески во вечерашниот економски магазин  вели дека секој има  право дали ќе прифати или одбие учество.

„Ако забележавте веќе месец и половина ние немаме ништо слушнато за таа иницијатива веројатно. Јас се плашам дека и Битиќи по она што се случи, критиките што дојдоа не од опозицијата туку од сопствената партија  го обесхрабрило да оди со она темпо кое претходно му беше замислено. Јас немам никаква информација дека оваа иницијатива ќе се врати“, додава Трајко Савески.

На истата тема денеска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи прокоментира дека не треба да е грев доколку разговара со неистомисленици.

„Една од доблестите на луѓето е да разговараат со сите. Листата ќе биде уште поголема. Не гледам ништо лошо во тоа да биде прашан било кој и тој да даде мислење“, посочи Фатмир Битиќи.

Ако тоа е најголемиот грев кој го имам направено, барам извинување, рече Битиќи.