Банкнотите со ликот на кралот Чарлс Трети од јуни ќе бидат во оптек во Велика Британија, соопшти денеска Банката на Англија.
Банкнотите со портретот на кралицата Елизабета Втора, која почина во септември 2022 година, ќе продолжат да важат, заедно со новите банкноти со ликот на британскиот монарх.
Портретот на кралот ќе се појави на моделите на четири британски банкноти, од пет, 10, 20 и 50 фунти.
Дизајнот на банкнотата беше претставен во декември 2022 година и ќе се печати од 5 јуни 2024 година.
На банкнотите ќе има гравура врз основа на фотографија од кралското семејство, а визуелните елементи ги потврди и монархот.
Од почетокот на декември 2022 година во оптек се монетите со профилот на кралот Чарлс III.