Бараат да не се фрла отпадот кај рудникот, жителите од селата кај Осломеј ги блокираа улиците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

15 локални заедници од селата кај Осломеј излегоа на улица за да протестираат поради тоа што комуналното претпријатие Кичево во последно време повторно почна да го фрла отпадот кај рудникот Осломеј. Жителите по две години се соочуваат со истиот проблем, затоа негледајќи друго решение, одлучија преку протест да го блокираат регионалниот пат Кичево-Осломеј цели три часа.

„Над 15 села од оваа страна кои се револтирани поради фрлањето отпад, како што знае целата јавност и околина, и пошироко, кои фрлаат на местото кај РЕК Осломеј во дупките. Незадоволството на населението е причина зошто се собравме денеска на протест“.вели Шеип Дервиши претседател на локалната заедница на С. Гарани.

Демонстрантите велат дека за Дехари дошле сите печалбари од цел свет а тој ги награди со фрлање отпад во нивните села.

„Ова што го прави Дехари не е убаво, бидејќи дојдоа наши роднини, деца, браќа и пријатели од Швајцарија, Америка, да не ги набројувам сите држави, и гласавме за да ни го донесе ѓубрето не е добро ова што се прави“, вели демонстрант.

Малку пред протестот Дехари ги покани претседателите на локалните заедници обидувајќи се да најдат заеднички јазик. Како што велат жителите, тој им понудил да дозволат да се фрла отпадот уште неколку дена кај рудникот Осломеј а потоа да се прекине со тоа. Но жителите не сакаат да прифатат такво нешто, велејќи дека ќе останат на улица до наоѓање решение за овој проблем.

„Бара рок од 20 дена да го собере насобраниот отпад а потоа ни даде збор дека нема да се фрла отпад на тоа место, но жителите не му веруваат, и не прифаќаат бидејќи така ни рече и пред неколку години и повторно истото“, вели Дервиши.

Но градоначалникот на Кичево вели дека на одржаната средба пред протестот, со локалните заедници се договориле да му дадат рок од 20 дена за фрлање на отпадот а потоа да се прекине со ова. На договорот не се потпишал Б. Л. Од селото Гарани кому му рекле дека ќе се консултираат со раководството и потоа ќе одлучат.

Постоечката депонија во градот, конкретно кај комуналното претпријатие да се дислоцира за временски период од 20 дена во дупките на комбинатот и потоа конечно, во договор со сите локални заедници, таму веќе да не се фрла отпад, Во овој случај се договоривме со месните заедници од кои добивме потписи и очекуваме локалната заедница на село Гарани да се консултира со раководството, вели Дехари.

На 15 февруари 2020 жителите со Дехари потпишале договор да не се фрла отпад во тој дел на Кичево, но како што велат тие, Дехари го прекршил договорот и стравуваат дека тоа ќе се повтори.