Бараат разрешување на министерката Стефоска – здруженијата и издавачките куќи незадоволни од буџетот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Здруженијата од културата и издавачките куќи на Град Тетово реагираа за буџетот доделен на Албанците од министерката за култура, Стефоска, кого го нарекуваат дискриминирачки. Според нив со овој буџет вратена е анти – албанската агенда од ’90-те во културата.

„Владата на Република Северна Македонија итно да ја повика на одговорност министерката за култура, Ирена Стефоска и да ја разреши од оваа задача. Итно да се повлече донесената анти албанска програма. Да се формираат нови комисии со достоинствени албански претставници и да се разгледаат сите проекти еден по еден“, посочи Зејнепе Алили Реџепи.

Според нив, албанските здруженија се оштетени со 1 милион и 600 илјади евра и бараат одговорност од претставниците Албанци во Владата.

„Бараме од албанската страна на власт да си ја заврши задачата за која што е таму. Да не’ поддржи и да реагира за дискриминацијата која ни се прави постојано и да не’ заштити од можните последици. Од ова наше јавно излегување за избегнување на неправдите врз Албанците но и на другите етникуми, бараме да се формира посебен сектор во рамки на Министерството за култура со посебен буџет и раководен од Албанци“, додава Зејнепе Алили Реџепи..

Инаку заменик министерот за култура, Седат Сулејмани и државниот секретар во ова министерство не се согласуваат со буџетот издвоен за Албанците но рекоа дека министерката за култура оваа поделба на буџетот ја направила на своја рака.