Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами денеска во „Daily Click“ на ТВ21 рече дека се подготвени да разговараат за промена на грбот, но како што вели, тука треба да се вклучи и промена на химната и промена на дефиницијата за албанскиот јазик.
Касами вели дека се зависи од уставните измени во кои стои дека не може да се менуваат секој ден, додека за овие измени тој рече дека тоа се барања, а не услови.
„Да, во принцип сме подготвени да разговараме за промена на грбот, но во пакет со промена на химната, промена на дефиницијата за албанскиот јазик, што е 20% во Уставот, и секако решавање на некои други проблеми со кои државата ќе ја отслика мултиетничката реалност во Република Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ… Безусловните барања, уставните барања, кои во овој случај се барања на коалицијата, во случајов на албанскиот дел од коалицијата“, рече Касами.
